ДОСТАПНИ МЕТОДИ ЗА ОДГОВАРАЊЕ:


Прашања со повеќе одговори (1 точен одговор)

Најупотребувани во сите анкети и прашалници. Можат да бидат комбинирани со поле за текст со повратни информации со цел полесно обезбедување на информации.

Типично употребувани примери:

– Род
– Возраст
– Да и Не прашања
и многу повеќе.

Прашања со повеќе одговори (ниеден или неколку точни одговори)

Се употребуваат во најголем број од анкетите во кои сакате примателите да одговорат преку повеќе понудени можности. Examinare исто така бележи кога корисникот нема да пополни ништо така што Вие можете овој тип на прашања да ги означите како задолжителни.

Типично Употребувани Примери:

– Прашања за сервисот
– Прашања за користењето
– Одбирање опција
и многу повеќе.

Прашања со слободен текст (1 точен одговор е впишан)

Се употребуваат кога сакате примателот да одговори со пишување текст. Понапредна верзија на овој тип прашања е “Прашања со слободен текст (Повеќе одговори)”.

Типични примери за употреба:

– Напиши го твоето име
– Кажи ни што мислиш
– Зошто не би сакал/а…
и многу повеќе.

Osgood-скала (скала со дополнителни делови)

Osgood-скалата е најчесто употребувана во прашалници за брендирање и чувства. Идејата е да се постават различни чувства едни наспроти други. Чекорите во скалата можат да бидат регулирани помеѓу 2 и 7 поени.

Типично употребувани примери:

– Топло наспроти студено
– Весело наспроти здодевно
– Паметно наспроти глупаво
и многу повеќе.

Gradient скала

Се употребува во многу прашалници за услуги каде примателот треба да го оцени нивото на услуги во различни оддели. На пример поддршка или наплата. Една gradient скала може да ја намали употребата од многубројни прашања, но исто така може да го нунапреди Вашиот прашалник за просечните корисници и во тој случај да го намали бројот на гласови.

Типично Употребувани Примери:

– Како ќе ги оцените нашите оддели : поддршка, наплата, техничка поддршка, оддел за продажба
– Според следниве фактори, како би ги оцениле нашите: цени, поддршка, овозможено време до решение, пријателски однос
и многу повеќе.

Инструкции

Инструкциите всушност не се тип на прашања, но се користат za да се внесе подетално објаснување на следните чекори и може да се користат во секој дел од прашалникот или анкетата.

Се користат за да објаснат:

– Следни чекори
– Како да размислуваш додека оценуваш прашања од Osgood или Gradient скалата
– Може да содржи општи информации
и многу повеќе.

Прашања со слободен текст (Впишани се повеќе точни одговори)

Прашањата со слободен текст (впишани се повеќе точни одговори) се понапредна верзија на оригиналните прашања со слободен текст. Сите полиња може да се направат задолжителни или изборни и да помогнат во добивање информации од примателите.

Типично употребувани примери:

– Внеси: име, адреса, поштенски број и држава.
– Внеси го твојот сериски број и нашиот производ што го користиш за да пополниш барање за поддршка.
– Провери и корегирај ги своите податоци
и многу повеќе.