Анкети за следење на проектите.

Следете ги Вашите проекти со помош на Examinare анкетите за следење на проекти, скроени по Ваша мерка. Ние нудиме решенија за секоја бизнис структура и буџет.

Да знаеш значи да процениш.

Потребен е само еден пропаднат проект за работите да тргнат во негативна насока.

Зошто да ги користите анкетите за следење на проекти?

Worldwide проектното планирање е клучен дел од стандардниот процес на планирање во секоја организација. Започнувањето на одреден проект обично бара прецизност но исто така подразбира и потреба од „Научени лекции" и рутини по доставувањето на преоктот. Многу организации ги спроведуваат „Научените лекции“ преку конференциски повик и белешки. „Научените лекции“ најчесто се спроведуваат со или без клиентот за конкретниот проект. Но што ако би можеле да направите анкета за следење на проектот со Вашите надворешни и внатрешни потрошувачи истовремено?


Забележете ги слабостите и користете „Научени лекции.“

Дополнително, што ако можете да ги добиете одговорите во форма на табела што ги истакнува слините и слабите страни па на тој начин Вашата група за проектот би можела да зајакне и да стане поефикасна? Examinare има развиено многу модули за известување за анкети за следење на проекти. Најголемиот дел од нашите системи за известување се направени за потрошувачите, а нашиот клиент доверливо ни забранува да ги споменуваме вистинските клиенти. Ве молиме контактирајте не' за анкетите за следење на проекти и прашалниците за да ја дознаете цената и функционалноста.


Проектот „Научени лекции“ е со автоматско известување.

Сите проекти во една одредена организација се основани на работна динамика што е константна. Постојат повеќе фази- фаза на продавање, фаза на подготовки, фаза на планирање на проектот, фаза на започнување, фаза на неделни состаноци, фаза на доставување и, на крајот, фаза на достава на проектот и фаза на предавање на проектот. Исто така, постои фаза на одржување и месечни состаноци на тема одржување. Се разбира, бројот на фазите на проектот може да варира во различни организации.

Доколку ги погледнете сите фази, можете лесно да забележите дека постои потреба за коментирање на секоја фаза. Дали проектот ги исполнил очекувањата на клиентите и кој бил вклучен во фазите на проектот? Ние во Examinare можеме да направиме систем за известување според индивидуалните преференци на Вашата организација што автоматски ќе ги известува тимовите што треба да биде подобрено од внатрешен и од надворешен аспект за проектот.


Анкети за годишно следење на проекти.

Обично е потребна една година за проектот да заживее а понекогаш е надграден или откажан. Без разлика на овие параметри, постои „Лекции кои треба да бидат научени.“ Ние им помагаме на организациите да изградат автоматски систем за известување каде што потрошувачот ќе добие анкета за решението и ќе се изјасни дали решението ги исполнило неговите првични очекувања. Потоа, системот ќе го извести управувачот на проектот за проблемите што треба да бидат земени предвид во однос на идните проекти.


Не заборавајте на токените за поддршка и поддршката при настанти проблеми.

Поддршката за потрошувачи е, се разбира, важен дел од секој проект. Ние ќе и' помогнеме на Вашата организација да ги вклучи коментарите за токените за поддршка во „Научени лекции“ или други соодветни елементи. Веројатно веќе знаете дека доколку одреден важен клиент има лошо искуство со персоналот за поддршка или добие неефикасен одговор, тоа може да влијае на прогресот на организацијата и да доведе до губење на клиентот поради технички пропуст.

Ние во Examinare имаме направено голем број на интеграции што ги имаме вклучено во веќе докажани системи за поддршка каде што автоматското известување за потрошувачите е значаен дел од услугата.




Барање за предлог-цена

Пополнете го

Компанија *


Име *


Телефонски број (Пример: +46700000000) *


E-mail адреса *


Опишете ја услугата којашто би сакале да Ви ја овозможиме.(Откако e-mail пораката ќе биде примена, Вие ќе можете да прикачите датотеки кон email адресата што ќе биде креирана)

Проценет буџет
(Приближна цифра со валута) *


Анти-спам прашање

5+7= *

* Newsletters from Examinare
Ќе го добивате нашето списание автоматски месечно, но можете да се отпишете со едно кликнување