Анкетите за продажба се поврзуваат со POS системите.

Добијте значајни коментари, оценување на услугите и увид во мислењето на потрошувачите со помош на анкетите кои се основани на конкретни зделки!

Анкети за продажба со интеграција во Вашиот POS.

Контактирајте не' за да видите што може да се направи со Вашиот POS и Examinare.

Само Квалификувани податоци за потрошувачите

Податоците се главниот столб. За да можете да направите позитивни промени морате да бидете самоуверени во своите дејности. Главниот проблем на анкетите кои резултираат со погрешни податоци е тоа што секој (дури и на страна од Вашите клиенти) може да учествува во нив онолку пати колку што сака. Ние нудиме нешто поинакво!

Со анкетите за продажба вие сте целосно заштитени од таквите неприлики бидејќи секој клиент е потврден пред да добие пристап во Вашите анкети и може да гласа само еднаш.


Лесно и ефективно

Анкетите за продажба се ефективен начин за собирање коментари бидејќи потрошувачите често ги чуваат сметките од купените продукти, барем додека им трае гаранцијата. Ако земете предвид дека email пораките често се губат во бројните пораки што клиентите ги добиваат секојдневно. тогаш Анкетите за сметки се правиот избор за Вас.

Ова решение е исто така лесно за спроведување во Вашата продавница. Examinare системот се прикачува на Вашиот POS систем, а понатамошниот процес на собирање коментари се прави во целосно автоматски режим.


Како функционира?

Потршувачот добива обична сметка по купувањето во Вашата продавница. Во зависност од подесувањата направени во Вашиот Examinare систем, тој или таа може да биде избрана да учествува во Анкета за потрошувачи. Потребните информации се испечатени на сметката.

Кога Вашиот потрошувач ќе ја посети Вашата страна за анкети, потребно е да ги пополни бараните полиња за да може да учествува во Вашата анкета. Овие полиња се посебно направени за сите наши клиенти. Податоците се споредуваат со Вашиот систем и доколку се' е точно, потрошувачот може да пристапи во анкетата.

Секако, Вие треба да ги мотивирате Вашите клиенти да учествуваат во Вашите анкети преку организирање на натпревари/ предложување попусти/ огранизирање на мали подароци.

Во секој случај, тоа е добитна ситуација и за Вас и за Вашите клиенти. Тие добиваат можност да освојат награди или да добијат попуст поради споделување на нивното мислење, додека вие добивате значајни бизнис информации и го зголемувате вниманието за Вашата продавница.

Вашите информации можат да се користат за следење на маркетинг реклами или кампањи кои се однесуваат на ПНИ (Повраток на инвестиција).


Дополнително поедноставете го процесот со QR кодот!

Исто така, можете да ги испечатите нашите автоматски генерирани QR кодови наместо да го означите линкот за анкетата на Вашите сметки или на некое друго место. На овој начин секоја избрана личност ќе може да добие пристап до Вашата анкета со само еден клик.

Со помош на Examinare вредните бизнис информации стануваат лесни за собирање како никогаш претходно!


Кои POS системи се компатибилни.

Мноштвото POS системи што се нудат на пазарот денес се компатибилни со POS Системите за коментари на Examinare. Откако започнавме да работиме во 2006 г., имаме работено со голем број на провајдери. Постојат неколку фактори што ни се од клучно значење и мораме да ги знаеме пред да Ви кажеме дали Вашиот систем е 100% компатибилен. Затоа, потребно е да стапиме во контакт со Вашиот провајдер за да ја осигураме компатибилноста.

Консултирањето за компатибилноста на POS системот е бесплатна. Консултирајте не' денес за повеќе информации.




Барање за предлог-цена

Пополнете го

Компанија *


Име *


Телефонски број (Пример: +46700000000) *


E-mail адреса *


Опишете ја услугата којашто би сакале да Ви ја овозможиме.(Откако e-mail пораката ќе биде примена, Вие ќе можете да прикачите датотеки кон email адресата што ќе биде креирана)

Проценет буџет
(Приближна цифра со валута) *


Анти-спам прашање

5+8= *

* Newsletters from Examinare
Ќе го добивате нашето списание автоматски месечно, но можете да се отпишете со едно кликнување