Анкети за задоволство на вработените

Во поголемиот дел од времето, Вашите потрошувачи комуницираат со Вашата компанија преку Вашите вработени. Комуникацијата може да биде отежната поради неисполнетите очекувања во однос на вработените.

Барање за предлог-цена

Главни причини за користење на анкетите за задоволство на вработените.

Ние сме тука за да Ви помогнеме кога ќе ја донесете одлуката.

Незадоволните вреботени можат лошо да влијаат на Вашиот бизнис.

Во поголемиот дел од времето, Вашите потрошувачи комуницираат со Вашата компанија преку Вашите вработени.Комуникацијата може да биде отежната поради неисполнетите очекувања во однос на вработените.

Незадоволните вработени нема да бидат лојални на Вашата компанија а Вие ќе ризикувате да ги изгубите поради подобра понуда. Во најлош случај, Вашиот вработен може да Ве напушти за да работи за некој од Вашите најглавни конкуренти. Дополнително, како што вработените се лицето на Вашата компанија, така и незадоволните вработени можат да предизвикаат загуби во бизнисот.


Вашата компанија губи пари со секој изгубен вработен

Првичната загуба се јавува доколку компанијата инвестира време за да вработи и обучува нов/а вработен/а. Другата можна загуба е загубата на потрошувачи. Бидејќи е потребно доста време за новиот вработен да достигне соодветно ниво на компетенција, можно е Вашите потрошувачи полека да ја губат довербата во Вашата компанија.

Се препорачува да бидете попрагматични за да избегнете квартални трошоци за обуката на нови вработени на стари работни позиции. Ова можете да го постигнете доколку почесто испраќате анкети за задоволство на вработените.
Спроведувањето на ваквите анкети на секои 6 или на секои 3 месеци ќе Ви помогне да ги забележите проблемите кои може да доведат до загуба на човечки ресурси.


Задоволните вработени се продуктивни и добри идни пратнери.

Како работодавец, Вие морате да бидете прагматични. Тоа значи дека треба редовно да ги следите Вашите вработени. Доколку вработените имаат изразено негативни коментари, важно е да ги сослушате без разлика на тоа колку незначајни Ви изгледаат проблемите. Морате да обрнете внимание и на најмалиот детал бидејќи решавањето на одреден проблем обично резултира со зголемена мотивација. Дополнително, можеби ќе откриете одредени проблеми во Вашата компанија за коишто не сте биле свесни. Затоа сметајте ја оваа сугестија како покана за преземање на одговорност во однос на отворено зборување за проблемите. По справувањето со проблемите, пожелно е да се консултирате со вработените за да дознаете дали проблемот е целосно решен.

Вработените се столбот на Вашата организација. Ако тие се задоволни и Вие ќе бидете задоволни. Ова го докажува бројот на продажби генерирани од задоволни вработени.


Потрошувачите се привлечени од компании кои се грижат за своите вработени.

Компаниите што се грижат за своите вработени никогаш не се соочуват со проблеми кога бараат нови вработени. Кога Вашите вработени сакаат да работат за Вас, тогаш и другите луѓе, а особено Вашите потрошувачи, ќе бидат на Ваша страна. Потрошувачите се привлечени од компании што се грижат за нив. Дополнително, потрошувачите го чувствуваат топлото добредојде кога задоволниот вработен им се насмевнува при интеракцијата со нив. Тоа е чувство што никогаш не исчезнува.


Сега кога ја донесовте одлуката: Започнете да собирате коментари од вработените уште денес!

Examinare овозможува моќни и едноставни за користење решенија при креирање на анкетите за коментари за вашите вработени. Бидејќи ја овозможуваме сета потребна технологија за да собирате коментари од Вашите вработени, можете да го искористите заштеденото време за да бидете најдобриот работодавец што можете за Вашите вработени. Погрижете се за проблемите што ги истакнуваат Вашите враотени во анкетите. Направете тие да се чувствуваат посебно и придонесете кон тоа тие да ја препознаат Вашата грижа. Ние сме секогаш тука да Ви помогнеме и да обезбедиме одговори за вашите прашања и недоумици. Наша работа е да ги обезбедиме најдобрите можни решенија за Вашата организација.




Барање за предлог-цена

Пополнете го

Компанија *


Име *


Телефонски број (Пример: +46700000000) *


E-mail адреса *


Опишете ја услугата којашто би сакале да Ви ја овозможиме.(Откако e-mail пораката ќе биде примена, Вие ќе можете да прикачите датотеки кон email адресата што ќе биде креирана)

Проценет буџет
(Приближна цифра со валута) *


Анти-спам прашање

9+3= *

Newsletters from Examinare
Ќе го добивате нашето списание автоматски месечно, но можете да се отпишете со едно кликнување