Корпоративни анкети за задоволни потрошувачи

Проекти со анкети за задоволни потрошувачи што Examinare ги внесува во Корпоративниот оддел. Ние се усовршуваме во додавање на мулти-јазичната функционалност на Корпоративниот пазар за коментари.

Кога ќе бидете подготвени...

Контактирајте не' за да го добиете најдоброто решение за Вашиот буџет.

Examinare анкета за потрошувачко задоволство

Ние во Examinare AB имаме над 10 годишно искуство во анкетите за потрошувачко задоволство. Ние им помагаме на клиентите со шаблонски анкети за потрошувачко задоволство за организации. Начинот на кој ги спроведуваме анкетите е комбинација на нова технологија и класични лични контакти. Направивме комбинација на неколку различни репенија со кои што ги снабдуваме нашите потрошувачи секојдневно, па веројатно Ви е јасно што точно правиме. Се разбира, сите организации не се исти и ние сме свесни за тоа. Затоа, слободно контактирајте не' за да дискутираме за цените и функциите доколку барате нешто за Вашата организација што не е споменато овде.


Управуван проект за анкети за потрошувачко задоволство (УПАПЗ).

Со помош на Управуваниот проект за анкети за потрошувачко задоволство (или УПАПЗ) ние се грижиме за Вашите Анкети за потрошувачко задоволство за одредена фиксна цена годишно. Вие го одредувате типот на медиум а ние се погрижуваме за тековното известување. Се назначува конкретен управувач на проектот кој ќе работи веднаш до Вас за да ги добиете сите потребни коментари во Вашите одделенија. Комбинацијата од регуларни телефонски анкети, поштенски прашалници, email кампањи и СМС пораки е само една од компонентите на Вашиот проект.


Кампања за анкети за нов продукт.

Кога се воведува нов продукт, ние соработуваме со вашиот тим за развој за да ги добиеме резултатите што Ви се потребни. Многу од кампањите се направени рачно или со објави но ние исто така работиме со фокус-групи за да добиеме подетални податоци за резултатите од Вашите продукти или услуги.

Со Анкетите за нови продукти ние работиме со она што Вие го имате. Доколку се' ште немате потрошувачи, ние ќе Ви помогнеме да ги најдете преку телемаркетинг. Доколку веќе имате фокус-група, ние ќе се состанеме со нив онлајн за да заштедите пари или ќе се состанеме лично за да добиеме подетални информации за тоа што ќе Ви биде потребно за да ги направите клучните прилагодувања на Вашиот продукт.


Потрошувачко задоволство додека вметнувате промени во веќе-постоечки продукти.

Многу организации имаат потреба од реизградба на технолошката поддршка за да се вклопат во современите барања на таргет групите. Многу често е потребна целосна обнова на технолошката поддршка. Поради ова, анкетите за потрошувачко задоволство се неопходни не само за целосната употреба на технологијата туку и за индивидуалните функции.

Ние работиме со Вашите извршни инстанци како и со развојните инстанци со цел да дознаеме што планирате да смените и на кој начин. По ова, ние ќе избереме една постоечка група на потрошувачи за испитување и ќе ги дознаеме нивните потреби во однос на оваа област. Многу често, во ИТ полето програмерите се фокусираат на дизајнирање интересни функции додека потрошувачот има сериозна потреба од подобро функционирање на веќе-постоечкиот дизајн. Доколку не' имате нас како Ваш партнер за знаење, че дознаете што треба да промените и да добиете. Доколку сакате, ќе Ве поддржуваме низ целиот процес на развивање.


Работиме со над 28 јазици.

Работиме во средина со глобални резултати. Обезбедуваме мноштво продукти за голем број индустрии ширум светот. Нашите услуги се повеќејазични бидејќи ја цениме локализацијата.

Доколку барате глобална анкета за потрошувачко задоволство за Вашите услуги, добредојдени сте да не' контактирате за да дознаете повеќе за цените.




Барање за предлог-цена

Пополнете го

Компанија *


Име *


Телефонски број (Пример: +46700000000) *


E-mail адреса *


Опишете ја услугата којашто би сакале да Ви ја овозможиме.(Откако e-mail пораката ќе биде примена, Вие ќе можете да прикачите датотеки кон email адресата што ќе биде креирана)

Проценет буџет
(Приближна цифра со валута) *


Анти-спам прашање

4+5= *

* Newsletters from Examinare
Ќе го добивате нашето списание автоматски месечно, но можете да се отпишете со едно кликнување