Какви прашања треба да поставите во Вашата анкета за потрошувачи?

Ние често добиваме прашања од нашите потрошувачи и недоумици за тоа какви прашања треба да постават кога ќе испратат анкети за потршувачи. Прочитајте дел од одговорите на Вашите прашања.

Наместо да правите свои...

Контактирајте ги нашите Професионалци за анкети со над 40 комбинирани искуства од Конструкцијата на анкети за потрошувачи.

Какви прашања треба да поставите?

Ние често добиваме прашања од нашите потрошувачи кои имаат недоумици околу тоа какви прашања би требало да постават при испраќање на анкети за потрошувачи? Најважната работа што треба да ја земете предвид е дека ги прашувате потрошувачите но главната цел Ви е тие да останат задоволни со Вашата услуга. Тоа значи дека не би требало да користите прашања кои не се лични. На пр. „Колку години имате?“, „Дали сте машко или женско?“. Ваквите прашања само покажуваат дека немате време да истражувате или да ги внесувате податоците во Вашата Алатка за анкети. Доколку ги користите информациите што ги содржи Вашиот CRM систем, Вие ќе можете да ги внесете овие претходно усвоени информации во Вашиот профил во Examinare.


Какви прашања би требало да поставите во Вашите анкети за потрошувачи?

Најпрво, морате да запомните дека не би требало да поставувате водечки прашања. Ако користите водечки прашања во Вашите анкети за потрошувачи, ќе добиете погрешни информации со кои што ќе треба да работите понатаму. Во најлош случај, нема да можете воопшто да ги користите резултатите. Најдобро е да поставувате директни прашања како:
До кој степен сте задоволни со нашите услуги?

-Многу задоволни
-Задоволни
-Незадоволни
-Многу незадоволни

Обично препорачуваме да се користи скалата од 4 или 6 степени кога се составуваат анкети за потрошувачи. Во тој случај, потрошувачот нема да може да дава просечни резултати туку ќе биде принуден да заземе страна.


Кога е најдоброто време за прашување на потрошувачите?

Бизнисите и услугите се различни но постојат универзални ситуации како:
-Одговарање пред нарачување
-Коментари за достава
-Оценување на решенија при технички пречки/проблеми со поддршка
-Проценување на исплатливоста на продуктот
-Барање на препораки


Побарајте препораки

Повеќето од овие типови на прашања се вообичаени. Сепак, за некои компании, барањето препораки претставува нешто ново. Кога зборуваме за ова, мислиме на прашања како следниве:

Дали би ја препорачале Examinare алатката за анкети на некој бизнис контакт?
-Да, се разбира!
-Можеби, доколку дознаам дека некој има потреба од тоа.
-Не.

Ова прашање има три нивоа, но има две позитивни нивоа кои се намерно поставени. Вие би сакале да дознаете колкумина потрошувачи се „горди“ што ги користат Вашите услуги.


Секоја компанија е различна.

Бидејќи секоја компанија има различни потреби кога станува збор за анкети за потрошувачи, ние ги препорачуваме нашите консултанти за анкети. Ние ќе Ви помогнеме да ги развеиете вистинските прашања и да креирате анкети за потрошувачи директно во Вашиот профил на Examinare.

Контактирајте не' за Вашата следна анкета за потрошувачи и ние ќе Ви помогнеме и со Вашите прашања.




Барање за предлог-цена

Пополнете го

Компанија *


Име *


Телефонски број (Пример: +46700000000) *


E-mail адреса *


Опишете ја услугата којашто би сакале да Ви ја овозможиме.(Откако e-mail пораката ќе биде примена, Вие ќе можете да прикачите датотеки кон email адресата што ќе биде креирана)

Проценет буџет
(Приближна цифра со валута) *


Анти-спам прашање

6+2= *

* Newsletters from Examinare
Ќе го добивате нашето списание автоматски месечно, но можете да се отпишете со едно кликнување